
Jапонскиот производител на саемот за автомобили во Њујорк го претстави обновениот модел „GT86“.


Jапонскиот производител на саемот за автомобили во Њујорк го претстави обновениот модел „GT86“.
Спортскиот модел на „Toyotа“ сега има динамичен изглед во однос на првичната верзија – редизајнирани се предниот браник и маската на ладилникот, како и фаровите кои имаат различна конфигурација на „LED“ светилките.

Промените на задниот дел на автомобилот се малку подискретни и опфаќаат редизајн на стоп-светлата и браникот. Покрај тоа на потенцијалните купувачи на располагање им се и нови алуминиумски бандажи.

Од „Toyotа“ велат дека го подобриле системот за суспензија и мануелниот менувач, а четирицилиндарскиот 2-литарски боксер мотор е помоќен за 5 „коња“, додека максималниот вртежен момент е поголем за 7 Nm, па така погонскате единица сега произведува 205 ks и 212 Nm.

„Toyota GT86“ зa 2017-та во продажба ќе се појави до крајот на годината.