5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКако Instagram ќе му конкурира на Youtube?

Како Instagram ќе му конкурира на Youtube?

insta you

Корисниците на „Instagram“ ќе можат објавуваат видео материјали, чија должина е до 60 секунди. До овој момент должината на видео беше само 15 секунди.

Зголемувањето на времетраењето се должи, од една страна, на зголеменото користење на видео материјалите во апликацијата, а од друга – конкуренцијата на „Youtube“ кои е во сопственост на „Google“.

Можноста за видео со должина до 60 секунди беше можна уште во февруари, но само за реклами во апликацијата. Оттаму најавија дека за последните 6 месеци корисниците поминуваат 40% повеќе време гледајќи видео материјали. Со оглед на фактот дека должината на видеото ќе се зголеми од 15 на 60 секунди, тоа време ќе продолжи да расте и во следните месеци.

Потсетуваме дека пред неколку дена ве информираме дека од „Instagram“ лансираа уште една промена, која се очекува да ги зголеми приходите на апликацијата. Денес луѓето не ги гледаат позициите хронолошки по промената во алгоритам, а тие се подредени по примерот на „Facebook“.

Според податоци на „eMarketer“, приходите на „Instagram“ за 2015-та година се 600 милиони долари, но за 2016-та година се очекува раст од 149%.

На крајот на оваа година корисниците на „Instagram“ ќе нараснат до 600 милиони лица, наспроти 400 милиони луѓе на крајот на 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП