5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook подготвува функција за „тајни разговори“ во Messenger

Facebook подготвува функција за „тајни разговори“ во Messenger

tajni 335

„Facebook“ подготвува неколку новости за апликациајта за разговор „Messenger“, соопштува интернет изданието „The Information“. Една од нив е функцијата за „тајни разговори“.

Весникот се повикува на откритија за идните нови елементи во самиот код на апликацијата. Во него се утврдени неколку потенцијални нови функции, меѓу кои спаѓаат и предметните „тајни разговори“.

Не станува јасно дали се предвидуваат посебни енкриптирани пораки или лични пораки, кои на некој начин ќе остануваат „повеќе лични“ од останатите. Можно е „Messenger“ да ја воведе функцијата за разговори, кои не се чуваат во архивата на системот. Засега од компанијата не коментираат на оваа тема.

Меѓу другите новини, кои се поставени во кодот на „Messenger“, е и функцијата за мобилни плаќања. Тоа изгледа логичен чекор, имајќи ги предвид плановите на „Facebook“ и желбата на компанијата да го претвори „Messenger“ во самостојна мрежа и да даде начин на компаниите директно да комуницираат со своите клиенти. На овој начин апликацијата за разговор ќе може да се користи и како онлајн продавница и ќе го олесни плаќањето на услуги и набавки за кои прво е потребен разговор со дежурен оператор. Останува нејасно кога и дали оваа функција ќе биде активирана, бидејќи „Facebook“ не коментира и за неа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП