25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на цената на нафтата на светските берзи

Раст на цената на нафтата на светските берзи

nafta-italija

Цените на нафтата на светските берзи се зголемија денеска, како резултат на големиот раст на вредноста на акциите во Јапонија, но и на лошите податоци за вработувањето во САД, наведуваат аналитичарите.

Нафтата на Њујоршката берза поскапе за 21 цент и достигна цена од 92,91 долар за барел. Европската марка „брент“, која се користи за одредување на цените на различни видови странска нафта, поскапе за 45 центи на 104,57 долари за барел.

Поскапувањето на нафтата дојде по растот на вредноста на индексот на берзата во Токио за 2,80 отсто, паралелно со натамошно слабеење на јенот во однос на конкурентските валути.

Американскиот пазар на труд минатиот месец беше многу послаб од очекуваното, односно во САД се отворени само 88.000 работни места, покажуваат минатонеделните податоци на американското Министерство за труд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП