26 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГи има само петмина - Tие се вистинските мајстори на својот занает...

Ги има само петмина – Tие се вистинските мајстори на својот занает (фото+видео)

takumi 00

Попрецизни се од роботи, а „Nissan“ за нив има посебно име, „Takumi“ (мајстор, занаетчија) – запознајте ги петте врвни мајстори кои рачно ги изработуваат моторите за спортскиот модел „GT-R“.

Иако авто-компаниите во процесот на производство се повеќе користат роботи, луѓето во некои сегменти и натаму се незаменливи.

Па така „Mercedes“ неодамна соопшти дека наместо роботи, за инсталирање на посебна, луксузна опрема на моделите „S Сlasѕ“ ќе вработат луѓе кои се пофлексибилни и попогодни за извршување на одредени операции на производната лента.

Оние кои ја следат автомобилската индустрија веројатно веќе знаат дека 3.8-литарскиот „twin-turbo V6“ мотор на „Nissan“, кој претставува срцето на спортскиот модел „GT-R“, го составуваат исклучиво вештите човечки раце. За оваа тешка работа оспособени се само 5 врвни мајстори кои за време на изработката на моторот, покрај сетилото за вид го користат и слухот, но и чувствителното сетило за допир, со цел на време да ја откријат евентуалната неправилност во производството, која подоцна би можела негативно да влијае на работата на погонската единица.

takumi 01

„Takumi“-мајсторите прецизно го вклопуваат секој компонент од моторот, така што меѓу деловите нема да се појави меѓупростор поголем од дозволеното, при што се користат мерки во микрони. Секој мајстор е задолжен за изработката на еден мотор, а кога работата ќе биде завршена на моторот се поставува плочка со неговото име, како гаранција за квалитет.

Ова се имињата на мајсторите – „Tetsuji Matsumoto“, „Shioya Izumi“, „Tsunemi Ooyama“, „Hiroyuki Ichikawa“ и главниот мајстор – „Takumi Kurosawa“. На следното видео можете да ја погледнете приказната за нив:

На следното видео може да го погледнете целиот процес на производство на постариот модел „Nissan GT-R“:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП