На саемот за автомобили во Њујорк премиера имаше најбризот „Mercedes C Сlasѕ“ со отворен покрив.
Исто како и останатите верзии на „Mercedes C63 AMG“, и кабриолетот има 4-литарски би-турбо мотор со „V8“ бензинец. Моторот произведува 476 ks (349 kW) и развива 650 Nm, во стандардната верзија, додека моделот со ознаката „S“ во името располага со 510 ks (375 kW) и дури 700 Nm.
Послабата варијанта му овозможува на автомобилиот од 0 дo 100 km/h да стигне за 4 секунди, додека „C63 S“ истата брзина ја достигнува за 0,1 секунда побрзо. Максималната брзина на „Mercedes C63 AMG Cabrio“ е електронски ограничена на 250 km/h, a кај „S“ верзијата на 300 km/h.
Дизајниран по углед на најбрзиот „C Сlasѕ“ купе, кабриолетот од тој автомобил главно се разликува во платнениот покрив.
Како и сите останати „AMG“ модели и овој „Mercedes“ има специјално дизајанирани алуминиумски бандажи. Кај послабиот модел ти се од 18 инчи, а на „S“ верзијата од 19 инчи. За оние на кои тоа не им е доволно, во понудата има изборни, мат црни 20 инчни тркала.