3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗошто треба да се избегнуваат бесплатните апликации?

Зошто треба да се избегнуваат бесплатните апликации?

apsi 335

Бесплатните апликации најчесто се послаби верзии на професионалните апликации, кои се плаќаат.

Со цел апликациите да останат бесплатни, издавачите воведоа „freemium“ начин на работа, кој на корисниците им овозможува бесплатно превземање на апликациите или игрите, но плаќањето внатре во апликациите или игрите можат да го отклучат и вкусат целиот потенцијал на содржините.

Да се даде еден долар или 1 евро за апликација која не е „freemium“, a навистина ни е потребна, на повеќето не им е проблем.

Не само што рекламите во бесплатните апликации се досадни, туку е веќе докажано дека ја забавуваат работата на телефонот, затоа што константно работат во позадина и го зголемуваат сообраќајот на интернетот, а да се ослободите од нив некогаш морате да платите и повеќе, отколку што би ве чинела професионалната верзија на апликацијата.

Уште една и важна докажана работа во врска со рекламите, тие ја уништуваат батеријата, значително намалувајќи ја автономијата на уредот.

Накратко, самите реклами даваат три причини за избегнување на „freemium“ апликациите – дополнително го зголемуваат интернет сообраќајот, го забавуваат уредот и го намалуваат траењето на батериајта, а покрај тоа стануваат се повеќе и поагресивни.

Во „Google Play“ продавницата моментално се наоѓаат преку 1,6 милиони апликации и повеќето се лоши. Една од причините е тој што бесплатните апликации понекогаш можат да бидат лошо дизајнирани, програмирани и одржувани од оние од кои се плаќаат. Тоа е затоа што и бројни корисници и онака не очекуваат многу од бесплатните апликации. Од друга страна, од оние кои ќе ги платат се очекува да бидат далеку поквалитетни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП