18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTalento е новиот лесен комерцијален модел на FIAT

Talento е новиот лесен комерцијален модел на FIAT

talento 333

Различни автомобилски концерни од почетокот соработуваат во сегментот на комерцијални модели. Целта е споделување на трошоците за конструирањето на таквите модели. Најнов пример е „Fiat Talento“ кој наликува на „Renault Trafic“. Францускиот модел се користи за база и на „Opel Vivaro“.

Новиот „Talento“ ќе се позиционира меѓу моделите „Doblo“ и „Ducato“ во палетата на „Fiat“. Овој модел има слични димензии со „Trafic“ и „Vivaro“, но покажува различен дизајн.

Деталите околу „Fiat Talento“ се ограничени, но сепак станува јасно дека моделот ќе биде достапен во неколку верзии, вклучувајќи патничка и товарна. За погонот му се предвидени само дизел мотори, а нивната максимална моќност ќе биде 145 КС, покажуваат информациите на италијанскиот „Аutoblog“.

„Talento“ ќе се произведува во фабриката на „Renault“ во северна Франција, од чии погони излегува и „Trafic“. Моделот на „Opel“ сепак користи друга фабрика – објект на германската марка во Лутон, Велика Британија.

Италијанскиот модел ќе биде достапен во палетата на модели на „Fiat Professional“ од месец јуни оваа година.

Исто така во оваа година треба да видиме уште еден модел на оваа платформа – „Nissan NV300“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП