12 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗVW и Porsche на вонреден сервис повикаа 800.000 автомобили

VW и Porsche на вонреден сервис повикаа 800.000 автомобили

porsche-vw-logo_0333

Една неволја никогаш не доаѓа сама. Во тоа и тоа како да не убеди германскиот автомобилски концерн „Volkswagen“: независно од скандалот со манипулациите на податоците на штетни гасови, сега „VW“ и „ќерката“ компанија „Porsche“ стартуваат со глобална сервисна акција за 800.000 автомобили.

Проблемот влијае на два важни водечки модели: делумно идентичните теренци „VW Touareg“ и „Porsche Cayenne“. Според компанијата, при дадени околности на една од педалите може да се олабават прстенот кој служи за безбедност. Предметните компоненти се инсталирани во вкупно 390.000 автомобили од моделот „Touareg“ и 410.000 примероци на „Cayenne“ кои се произведдени во периодот 2011 – 2016-та година.

def 00

Овој дефект е отстранет во сегашното производство, се наведува во пораката. Поправката на проблемот ќе трае не повеќе од половина час на автомобил, уверува компанијата, а проблемот е откриен при внатрешна истрага. Нема поплаки од клиенти или пријавени инциденти, појаснува Концернот.

def 01

Во средата компанијата објави дека заради проблеми во централниот електричен систем ќе повлече на глобално ниво 177.000 парчиња автомобили од моделот „Passat“ од 2014 – 2015 година, од кои 63.000 примероци во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП