3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHTC 10 на AnTuTu тестот е подобар од Galaxy S7 Edge

HTC 10 на AnTuTu тестот е подобар од Galaxy S7 Edge

desetka 003

Како што се доближуваме до моментот на презентација на „HTC 10“ (12-ти април), исто така, редовно се појавуваат и нови информации кои откриваат неколку нови податоци за самиот уред. Најновите се од резултатите од „AnTuTu“ тестот, според кој уредот на „HTC“ остварил одлична работа.

Според „AnTuTu 6.0.1“ тестот „HTC 10“ кој допрва треба да биде претставен на јавноста (12-ти април) постигна извонреден број на поени 156.091. Интересен дел во овие бројки е дека „HTC 10“ успеа да ги намине „Xiaomi Mi 5“ и „Galaxy S7 Edge“.

„Xiaomi Mi 5“ во моментов е на второто место со 136.875 поени, додека „Galaxy S7 Edge“ се најде на третото место, бидејќи тој има постигнато 134.599 поени или 21.492 поени помалку од „HTC 10“.

Нормално овие резултати не треба да се земат здраво за готово, туку како пример што може на крајот да очекуваме од „десетката“ на „HTC“.

desetka 001

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП