18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗŠKODA Superb e „Автомобил на годината“ во Македонија

ŠKODA Superb e „Автомобил на годината“ во Македонија

kola mak

Блескавата награда, во вид на златна маска од ладилник, „Автомобил на годината за 2016“ синоќа на свеченото доделување отиде во рацете на претставниците на „Порше Македонија“ за годинешниот победник ŠKODA Superb.

Оваа престижна награда свечено беше доделена во присуство на многубројни гости во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Носителот на престижната титула, ŠKODA Superb, годинава ги освои симпатиите на стручното жири, но одлучувачки фактор за победата беше онлајн гласањето на македонските граѓани. На гласањето спроведено преку интернет, ŠKODA Superb освои речиси двојно повеќе гласови од сите останати конкуренти во овој избор, со што заслужено ја понесе титулата „Автомобил на годината“.

kola mak2

Знаменосецот на ŠKODA веднаш по лансирањето на светскиот пазар ги освои симпатиите на бројните љубители на висококвалитетни автомобили, при што доби максимални пет ѕвезди од Euro NCAP, европска програма за оценување на нови автомобили. Освен што е апсолутен шампион во Македонија, новиот Superb го доби и значајното признание „Фамилијарен автомобил на годината“ според престижниот автомобилски магазин AutoExpress, како и признанието „Автомобил на годината“ според посетителите на најголемиот британски вебсајт за автомобили „WhatCar!“.

„Како компанија имаме поставено за задача за нашите ценети клиенти секогаш да им го носиме најдоброто од автомобилскиот свет. Нашите автомобили секогаш биле вреднувани со највисоки награди и признанија поради нивниот врвен квалитет, дизајн и прецизна изработка. Новиот ŠKODA Superb е наша особена гордост бидејќи постави едно ново ниво, еден повисок стандард кога станува збор за перформанси и идејни решенија“ – изјави Генералниот Менаџер на Порше Македонија, д-р Златко Муцунски, кој поздравувајќи ги присутните и заблагодарувајќи се за оваа престижна награда додаде:

kola mak1

„Овој моќен автомобил несомнено импресионира уште при првата средба со него. Врвната технологија, прогресивниот дизајн, иновативноста и стилот совршено спакувани во еден елегантен пакет го прават новиот Superb уште помодерен и посамоуверен. Порше Македонија останува доследна на својата стратегија со врвна услуга и висококвалитетни автомобили да возвраќа на довербата на клиентите. Новиот Superb, енергичен и динамичен е наша инвестиција  во вашето задоволство.“

Токму бројните иновации што ги нуди овој модел беа одлучувачки фактор за да ја добие поддршката на стручното жири. Членовите на жирито, како и изминатите години, својата одлука ја носат врз основа на веќе познатите критериуми, а тоа се адекватност и понуда на домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн, комфор и опременост на возилото.

kola mak3

Претседателот на националното жири, господинот Владо Ристовиќ, ја образложи одлуката на стручното жири и официјално му ја додели наградата на господинот Миле Станчев, бренд менаџер на ŠKODA, кој во име на Порше Македонија ја подигна наградата.

„Дефинитивно, знаменосецот на ŠKODA изгледа одлично, нуди многу простор и фантастично возачко икуство, што ја прави најдобриот и најпространиот автомобил во класата. Дизајнерите и стручниот тим на ŠKODA го поставија овој модел на едно сосема ново ниво кога станува збор за креативноста и технологијата. Автомобилот нуди низа системи за помош кои досега не беа вградувани кај возилата од овој сегмент. Новата технологија, направена според последниот збор на техниката, му помага на возачот во најразлични ситуации во сообраќајот“ – изјави господинот Миле Станчев на официјалното доделување на наградата „Автомобил на годината за 2016“ и се заблагодари на стручното жири и на македонските граѓани кои гласаа за ŠKODA Superb.

kola mak4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП