20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗХауба повредна од автомобилот

Хауба повредна од автомобилот

bent

Автомобилите од марката „Bentley“ спаѓаат меѓу најатрактивните и најлуксузните спортски модели. На некои клиенти на оваа британска марка очигледно тоа не им е доволно, па на нивно барање може да добијат различни детали кои значајно го зголемуваат степенот на препознатливост на самиот автомобил, но и сопственик.

Швајцарската компанија „Luxury Refinish“ на своите клиенти им понуди нешто сосема необично, дијамaнтска хауба. Скапоцената хауба е опремена со 32 слоја бела боја која е помешана со фина 101 каратна дијамaнтска прашина. За овој ексклузивитет сопствениците ќе мораат да платат околу 200.000 евра. Па така самата хауба на овој автомобил е поскапа од моделот „Bentley Continental GTC“ кој чини околу 150.000 евра.

Компанијата „Luxury Refinish“ е специјализирана за обработка на дијаманти. Тие во понудата имаат различни производи во кои е инсталиран овој скапоцен минерал, а меѓу нив се наоѓаат таблети, телефони, кафе апарати и многу други работи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП