3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOnePlus 3 ќе биде претставен на 7-ми април?

OnePlus 3 ќе биде претставен на 7-ми април?

plus7

На шести април, љубителите на смартфони со интерес ќе го набљудуваат претставувањето на два кинески премиум модели, иако и во различни ценовни класи – моделот „P9“ на „Huawei“ и на „M3 Note“ на „Meizu“.

Корисниците сепак нема да бидат оставени да им биде досадно и следниот ден, кога се очекува официјалното претставување на друг долгоочекуван кинески модел – „OnePlus 3“. Тоа најверојатно ќе се случи во Пекинг.

За моделот веќе се појавија многу податоци, вклучувајќи ги и тестовите од популарниот „AnTuTu“.

plus71

Врз основа на нив се очекува уредот да е со 5.5-инчен екран, со резолуција од 1.080 х 1.920 пиксели и новиот чип „Snapdragon 820“. Смартфонот најверојатно ќе биде со 4GB RAM и 32 GB внатрешна меморија. Задната камера се прогнозира да е 16-мегапикселна, а предната со резолуција од 8 мегапиксели.

Оперативниот систем ќе биде „OxygenOS“ базирана на „Android 6.0.1“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП