18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft може да е меѓу новите сопственици на Yahoo

Microsoft може да е меѓу новите сопственици на Yahoo

mic yahoo 33

„Microsoft“ има доста голема желба да е меѓу новите сопственици на „Yahoo“, тврди онлајн изданието „Re/Code“. Претставници на софтверскиот гигант се среќаваат со инвеститори за создавање потенцијални партнерства со кои ќе се обединат во поднесувањето на понуди за „Yahoo“.

Интернет компанијата бара нов сопственик, барем за дел од својот бизнис, но во моментов процесот се движи многу бавно. Раководството на „Yahoo“, исто така не е особено решително во своите постапки, а извршниот директор Мариса Мејер претпочита да направи уште еден обид да промени текот на развој на компанијата. Инвеститорите и акционерите во „Yahoo“ сакаат нов борд на директори, кој ќе е активен. Еден од најпознатите поборници е Џеф Смит, кој смета дека новиот борд на директори е императив, бидејќи досегашниот е компромитиран од конфликти на интереси.

Според изворите на медиумот, „Microsoft“ за сега само ги истражува потенцијалните можности. Компанијата не пројавила посериозен интерес пред инвеститорите. Таа е подготвена да има сериозно финансиско учество во евентуално стекнување на „Yahoo“ и сака добар партнер. Ова ќе му овозможи на „Microsoft“ да ги задржи своите долгорочни договори со „Yahoо“, преку кои софтверскиот гигант го обезбедува својот пребарувач и онлајн рекламите на интернет компанијата.

Меѓу другите компании кои имаат интерес за „Yahoo“, се телекомите „AT & T“, „Verizon“, „Comcast“. Повеќе инвеститорски компании исто ги испитуваат можностите. Неофицијално, Бордот на „Yahoo“ сака 10 милијарди долари, но сите потенцијални купувачи ја гледаат цената како премногу висока. Засега никој официјално не коментира на оваа тема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП