3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗабавува еволуцијата кај паметните телефони

Забавува еволуцијата кај паметните телефони

sm phone

Компаниите започнаа да бараат нови уреди кои ќе се популаризираат, затоа што еволуцијата на паметни телефони започна да забавува.

По претставувањето на најновиот „iPhone 6“, се чини дека еволуцијата на смартфоните започна да забавува.

Паметните телефони се поспособни од било кога, но големите промени стануваат се помалку вообичаени.

„Samsung Galaxy S7“ можеби има подобар изглед на екранот, подобра камера и побрз процесор, отколку неговиот претходник, но во тоа всушност нема ништо револуционерно.

Поради тоа производителите сега се посветуваат на модели од минатото, со цел да измислат и освојат нови платформи.

Финансискиот аналитичар Ричард Виндзор за „Ројтерс“ изјави: „Начинот на кој се се развива е таков што сите уреди постојат само на уште еден начин на кој корисникот му овозможува пристап до дигиталниот свет“.

„Ројтерс“ исто така извести дека производителите на паметни телефони оваа година ќе генерираат околу 323 милијарди долари приходи, што е огромен износ, но е сепак 1,4 отсто помалку од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП