18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPanasonic се откажа од својата цел за продажбата за 2019-та година

Panasonic се откажа од својата цел за продажбата за 2019-та година

pana 23

Јапонскиот производител на електроника „Panasonic“ ќе се откаже од својата цел да генерира продажба во износ од 10 илјади милијарди јени (88,93 милијарди долари) за фискалната година која завршува во март 2019-та година. Причината за тоа е влошувањето на бизнис средината во светот, пренесува „Ројтерс“.

Новата цел на компанијата е за 9 илјади милијарди јени, но таа не поставила рок за нејзино постигнување.

Покрај тоа „Panasonic“ ќе ги подели операциите на две компании и ќе постави цел за продажба на секоја од нив.

За сегментот со кориснички производи е поставена цел од 6 илјади милијарди јени годишна продажба, додека тој за „Business-to-business“ таа изнесува 3 илјади милијарди јени.

Во февруари „Panasonic“ ја намали прогнозата за годишната продажба од 8 илјади милијарди јени до 7,55 илјади милијарди јени. Компанијата се повикува на грижите поврзани со забавувањето на растот на кинеската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП