4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNintendo става крај на Wii U

Nintendo става крај на Wii U

wii u main

Јапонскиот производител на видео игри „Nintendo“ ќе престане да ја произведува конзолата „Wii U“, најверојатно уште оваа година, а причината е стагнираната продажба, пренесува „Ројтерс“.

Дел од компонентите на уредот се блокираат од производство, а дел од резервите ќе завршат во 2016-та година.

Конзолата „Wii U“ на „Nintendo“ значително заостанува зад „PlayStation“ на „Sony“ и „Xbox“ на „Microsoft“. Делумно причината за падот на побарувачката се должи на фактот дека се поголем број корисници се насочува кон игрите за мобилни уреди.

Вчера сепак стана јасно дека нејзината прва мобилна апликација „Miitomo“ веќе има 1 милион корисници, што доведе до раст на цената на акциите на компанијата за 8,2% во Токио или до 16,51 јени за готово.

Апликацијата за испраќање пораки се искачи до првото место на листата со најпопуларните бесплатни апликации за уреди со оперативниот систем на „Apple“ – „iOS“, по излегувањето на 17-ти март.

Пред извесно време компанијата објави дека и покрај долгото одложување и неподготвеност да почне да создава игри за мобилни уреди, се насочува кон оваа брзо растечка област. „Nintendo“ дури вети дека ќе вклучи дел од омилените ликови од своите најпопуларни игри во своите мобилни апликации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП