7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон е најдобар град за инвестирање во недвижнини во Европа

Лондон е најдобар град за инвестирање во недвижнини во Европа

London pickle2

Лондон е најдобар град за инвестирање во недвижнини во Европа, следен од Даблин и Париз, се наведува во извештајот на консултантската компанија „JLL City Momentum Index“, цитиран од онлајн изданието „propertywire.com“.

За прв пат во топ 12 на најдобрите градови за инвестиции во недвижности во Европа влегува Истанбул, наведува весникот.

Градовите вклучени во класификацијата на компанијата, се лидери во областа на технологијата, немаат доволно работна сила и имаат амбициозни планови за урбан развој, се додава во извештајот.

„Европската топ 12 ги идентификува оние градови кои се менуваат најмногу и значително. За прв пат на оваа група се приклучи Истанбул, каде што има голема динамика и покрај геополитичките предизвици. На табелата се проценува динамиката на пазарот на недвижности во овие градови, вклучувајќи ги инвестициите, цените и градежништвото, како и социо-економските фактори“, коментира Џереми Кели, директор за глобални студии во компанијата.

Кели додава дека Истанбул презема храбри активности за подобрување на инфраструктурата и изградбата на модерено портфолио на имот, бидејќи градот успешно влегува во нова „кожа“ на глобален бизнис центар.

Глобално Лондон исто така е лидер на листата, која ја предводи втора година по ред поради силниот економски раст и темелите на пазарот на деловен простор. Градот е со утврдени позиции на глобален образовен и технолошки центар и презеде серија иницијативи за трансформирање на транспортната мрежа.

Во моментов проектот „Crossrail“ во Лондон, кој е во вредност од 22 милијарди долари, е најголемиот во Европа. Во градот се градат и нови универзитетски кампуси за 1,5 милијарди долари, кои воспоставуваат и нови врски меѓу образованието и работодавците.

Во извештајот се наведува дека позициите на Париз во глобалната листа се влошуваат поради слабиот раст на економијата на Франција, но генерално долгорочните индикатори, како образование и иновации, ја задржуваат својата сила.

Главниот град на Франција планира да оствари и еден од најамбициозните инфраструктурни проекти – „Grand Paris“, кој предвидува метролиниите во градот да бидат продолжени со нови 200 километри. Ова ќе го подобри поврзувањето и ќе доведе до нови можности за инвестирање во имот.

Во рангирањето за Европа доминираат и другите нови градови, освен Истанбул. Даблин пример ја зазема втората позиција, а во рангирањето место има и за Минхен (5-то место), Стокхолм и Копенхаген на 6-то и 7-мо, Берлин и Барселона на 11-то и 13-то.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП