3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВикендов „Поточиња“ 2016 во МОБ

Викендов „Поточиња“ 2016 во МОБ

potocinja festival 335

Овој викенд, на 26-ти и 27-ми март, во МОБ ќе се одржи новото издание на детскиот музички фестивал „Поточиња“.

Како и секоја година, „Поточиња“ со игра и песна ќе ја најават пролетта. Од организаторот Пап продукција најавуваат многу забава и изненадувања за сите присутни.

Водител на фестивалот во маската на нотата „Поки” ќе биде македонскиот актер, Мартин Јордановски, веќе познат за детската публика.

Претставите се со почеток од 11, 13 и 19 часот, а билетите може да се набават на билетарницата на МОБ, Југотон, ½ Југотон и цвеќара Розе Веро 2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП