21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗMercedes GLC Coupe пристигнува на саемот во Њујорк (фото+видео)

Mercedes GLC Coupe пристигнува на саемот во Њујорк (фото+видео)

coupe mb 00

„Mercedes-Benz“ ги објави фотографиите и техничките карактеристки на кросоверот „GLC Coupe“, кој ќе дебитира на меѓународниот саем во Њујорк.

coupe mb 01

Прототипот на моделот Германците го покажаа уште пред една година во Шангај. Сериската варијанта речиси не се разликува од него, а е изграден врз основа на теренецот „GLC“. Должината на возилото е 4730 мм, висината е 1600 мм, а растојанието помеѓу двете оски достигнува 2873 мм.

coupe mb 02

Волуменот на багажникот на новиот кросовер на „Mercedes-Benz“ е 491 литри, покажуваат официјалните податоци, обезбедени од компанијата производител. При навалување на задните седишта тој се зголемува до 1205 литри.

coupe mb 03

Уште во основната варијанта на кросоверот добил спортска суспензија, а со доплата клиентот добива адаптивно или воздушно потпирање. Моторите на автомобилот доаѓаат од стандардниот „GLC“. Тоа се турбо дизел со зафатнина од 2,1 литри кој развива 170 и 204 КС, како и 2.0-литарски бензински со 211 КС.

coupe mb 04

Кон крајот на годината ќе излезат уште три верзии. Најслабиот е со 2.0-литарски бензински мотор со 245 КС. Модификацијата „Mercedes-AMG GLC 43“ ќе добие 3,0-литарски V6 со 367 КС. Ќе има и хибрид, кој ќе може да се полни од електричната мрежа. Тој ќе располага со 327 КС.

coupe mb 05

Во 2017-та година ќе излезат и уште две дизел верзии. Сите модификации ќе добијат погон на сите четири тркала и 9-степен автоматски менувач. Само хибридниот „Mercedes-Benz GLC Coupe“ ќе се потпира на 7-степен менувач. За пазарот во САД ќе се предложи и варијанта само со заден пренос и бензински мотор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП