7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLloyd's of London забележа 30% пад на профитот

Lloyd’s of London забележа 30% пад на профитот

lojds london 33

Осигурителниот пазар „Lloyd’s of London“ забележа пад од 30% на добивката пред даноците за 2015-та година до 2,1 милијарди фунти (2,6 милијарди евра), погодена од падот на враќање на инвестицијата и притисок врз цените, соопштува „Ројтерс“.

Враќање на капиталот на пазарот е намален до 9,1% од 14,1% една година порано, а враќањето на инвестицијата е намалена до 400 милиони фунти (506 милиони евра) од 1 милијарда фунти (1,26 милијарди евра) во 2014-та година.

„При услови на пазарот несомнено многу потешки во споредба со многу години досега требаше да покаже способност да се адаптираме и преземаме активности“, вели претседателот на „Lloyd’s“, Џон Нелсон во соопштението.

„Во овие услови резултатите се за пофалба“, додаде тој.

Над 80 синдикати склучуваат осигурувања со специјализираниот за осигурителниот пазар „Lloyd’s“.

Комбинираниот коефициент на пазарот, индикаторот за осигурителната профитабилност, ослабнал до 90% од 88,4% во 2014-та година. Ниво под 100% покажува профит.

Бруто прокнижените премии се зголемени за 6% до 26,7 милијарди фунти (33,8 милијарди евра).

Објавувајќи ги резултатите за 2015-та година, извршниот директор Инга Биел вели дека е подобро Британија да остане во Европската унија. Таа истакна дека ЕУ има трговски договори со 50 други пазари и е во процес на договарање на голема зделка – трансатлантското партнерство за трговија и инвестиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП