1 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофесионални и практични, SONY ги претстави фотоапаратите Alpha 7

Професионални и практични, SONY ги претстави фотоапаратите Alpha 7

faa

На 17-ти и 18-ти Мартво хотелот ’’Александар Палас’’ во Скопје, Sony одржа презентација на Alpha 7 Full Frame фотоапаратите со заменливи објективи.

На настанот кој беше наменет за професионални фотографи и фото ентузијасти, присуствуваа повеќе од 110 фотографи од цела Македонија. Свое излагање на презентацијата имаа: Васил Николов професионален фотограф од Бугарија и Илијан Матушев професионален снимател од Бугарија, кои на близок и детален начин на присутните им ги претставија квалитетот и перформансите на Alpha 7 фотоапаратите, осврнувајќи се на можностите, иновациите и предноста која овие фотоапарати ја имаат во нивната професија. На настанот беа презентирани сите шест модели:Sony α7, α7II, α7R, α7RII, α7S и α7SII.

faa

Sony α7II е модел со Full Frame сензор од 24.3 ефективни милиони точки, со стабилизација на 5 оски со цел компензирање на вибрациите, обезбедувајќи исклучителна стабилизација на сликата. Овој модел има автофокусен сензор со 117-точки за фазна-детекција и 25 автофокусни точки со контрастна детекција, што овозможува јасно фотографирањена предмети во движење. Подобрената способност за следење на предметот и неговото фотографирање се должат на напредок во технологијата за анализа на фотографијата со „заклучен автофокус“, карактеристика која што го оптимизира фокусирањето на предметот во согласност со неговата големина. Фотоапаратот снима во XAVC-S кодек, наменет за потрошувачите кој произлегува од професионалниот XAVC и нуди извонреден квалитет на видеото во висока резолуција со запис од 50 Mbps. Моделот α7II е дизајниран за да биде истовремено цврст и лесен, со подобра заштита која ќе им овозможи на фотографите слободно да го користат во најразлични ситуации без да се грижат за неговата безбедност. Освен тоа, овој модел е до 40% побрз при вклучување од досегашните модели.

fbb

Моделот α7R II e втора генерација на моделот α7R и користи Full Frame Exmor R CMOS сензор со висока чувствителност и побрз автофокус. Новоразвиениот CMOS сензор со заднинско осветлување и резолуција од 42 MP е најнапредниот Full-Frame сензор со највисока резолуција што Sony го има создадено досега. Новиот сензор за слика поседува 399 точки за фазна детекција, најшироко АФ покривање во светот на Full-Frameсензорите, овозможувајќи 40% побрз фокус за разлика од претходниот модел. Фотоапаратот исто како и α7 II е опремен со иновативниот оптички стабилизатор на 5 оски, дополнително оптимизиран за да поддржи фотографирање во висока резолуција. За оние што сакаат да снимаат видео, фотоапаратот овозможува снимање 4K видео во повеќе формати.

fcc

Моделот α7S II овозможува ISO опсег од 50-409600, благодарение на комбинацијата од 35мм со 12.2 мегапиксели Full-Frame сензор и BIONZ X процесор за обработка на слика. Новиот α7S II, како и останатите фотоапарати во оваа серија е опремен со иновативниот систем за стабилизација на сликата на 5 оски којшто го коригира тресењето на фотоапаратот, вклучувајќи аголно, променливо и ротационо тресење. Автофокус системот кај моделот α7S II е подобрен и сега нуди 169 АФ точки за брзо, точно фокусирање со одлична прецизност во споредба со претходниот модел. XGA OLED визирот кај α7S II нуди досега најголемо зголемување кај електронските визири од 0.78x и прикажува јасни слики преку целиот дисплеј. Освен тоа, овој модел поседува цела низа функции за снимање во професионален филмски стил, што го прави подеднакво примамлив како за фотографите, така и за снимателите. Фотоапаратот α7S II може да снима 4K филмови на картичка во XAVC S формат. Бидејќи информациите од сите пиксели се искористени, фотоапаратот може да ја максимизира проширената моќ на сензорот за слика и да произведе 4K филмови со извонредно чиста слика. Моделот α7S II може да сними видео со 120 слики во секунда и 100Mbps во XAVCS формат од кое може да се направи прекрасна 4 патизабавена снимка во висока резолуција. Видео функционалноста е исто така унапредена со новите профили, S-Gamut3Cine и S-Log3 кои овозможуваат широк динамичен опсег при корекција на боите.

По завршување на презентацијатаза новите Sony α7 модели, присутните фотографи имаа можност лично да ги тестираат фотоапаратите и објективите. Со цел да се обезбедат што пореални услови за тестирање, беа поставени повеќе различни сцени вклучувајќи студио со модели и декорирани маси, овозможувајќи им на фотографите да ги испробаат и да се уверат во можностите кои ги нуди новата генерација на Sony α7 фотоапарати. Судејќи по реакциите од присутните, може да се каже дека на овие модели на Sony им претстои убава иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП