Април ќе биде исклучително турбулентен месец за „HTC“, пишува „Engadget“.
Покрај тоа што ќе започне испораката на уредот за виртуелната реалност „Vive“ до крајните корисници, компанијата ќе го објави и својот следен клучен смартфон. Ова ќе биде моделот „M10“ или само „10“, а тоа ќе се случи на 12-ти април.
Во електронската порака од „HTC“ наведуваат дека подготвуваат и онлајн настан, слично на оној што го видовме за смартфонот „One A9“.
Во случајот „M10“ ги следи веќе добро познатите модели „HTC One М9“ и „M8“, како и оригиналниот „HTC One“.
Веста дојде со месец задоцнување, ако се има предвид досегашната традиција на компанијата да претставува предводник на „Mobile World Congress“ кој се одржа на крајот на февруари, дополнува „Cnet“.
Според експертите ова одложување е уште еден индикатор да се справи со проблемите во последните години – слабата продажба и контракцијата на пазарниот удел.
И покрај тоа претставниците на индустријата веќе немаат трпение да го видат новиот уред на „HTC“. Раководителите на компанијата ветија дека тој ќе биде со исклучително добра камера. „M10“ ќе влезе во директна конкуренција со клучни уреди на пазарот како „Samsung Galaxy S7“ и поевтиниот и помал „iPhone SE“, кој беше претставен во понеделникот вечерта.