18 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW го тестира првиот М7 во историјата (фото)

BMW го тестира првиот М7 во историјата (фото)

m7 test

Фотографии од тест прототип на нова верзија на седанот „BMW Series 7“ беа објавени од изданието „Worldcarfans“. Според информациите најверојатно тоа е модификацијата „М7“, која влегува во плановите на баварскиот производител.

Кон овој заклучок се наведнува присуството на големи сопирачки механизми и на специјалните цевки на издувниот систем на тестираниот прототип. Сепак не се исклучува во случајот „BMW“ да спроведува тестови на специјална верзија на „Series 7“, која да биде посветена на 100-годишнината на марката.

m7 test1

Се претпоставува дека првиот „BMW M7“ во историјата ќе биде опремен со 4,4-литарски Твин-турбо V8 мотор од „M5“, но со поголема моќност. Во стандардната верзија овој мотор развива 540 КС, но кај верзијата на „M5“ посветена на 30-годишнината на моделот, тој располага со 600 КС.

m7 test2

Ако сепак во „BMW“ работат на јубилејна верзија на „седмицата“, тогаш таа може да смета на V12 мотор со 600 КС. Овој агрегат дебитираше во февруари на прикажаната специјалната модификација на лимузината – „M760Li xDrive“.

m7 test3

Досега комплетена „М“ верзија на „Series 7“ баварците немаат пуштено. Информации за сличен автомобил сепак се појавуваат постојано. Дали сепак ќе има таков, ќе стане јасно на автосаемот во Париз во септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП