19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските индекси паѓаат по експлозиите во Брисел

Европските индекси паѓаат по експлозиите во Брисел

1

Европските индекси преминаа на негативна територија по двете експлозии на аеродромот во Брисел, кои беа проследени со експлозија во метро станица во близина на Европската комисија.

Ова доведе до затворање на аеродромот и метрото во белгиската престолнина. Засега се пријавени за 11 загинати и многу повредени. По непотврдени информации, едната од бомбите експлодирала на патеката на аеродромот. Негативен ефект врз европските индекси покажаа и податоците за производствената активност во Германија, зголемена од најслабото темпо од 16 месеци наваму во март. Тоа беше уште еден доказ за забавување на растот во најголемата европска економија.

Индексот „PMI“, кој ја надгледува активноста во производствениот сектор е намален до 50.4 поени во март во однос на 50.5 поени во февруари.

„Изгледа дека германската економија губи од својата енерција и ќе се презентира слабо во следните месеци“, коментира Оливер Колодски, економист во лондонската „Markit“.

Од германската централна банка прогнозираа вчера дека најголемата европска економија ќе задржи „солиден раст“ во овој квартал, но може да се набљудува извесно одложување во следните три месеци.

Германскиот индекс „DAX“ се намали до ниво од 9,820 поени, откако моментално достигна најниска вредност од 9,750 поени, по експлозиите во Брисел. Златото и среброто поскапеа, а жолтиот метал се тргува на ниво од 1,251 долари, а среброто се разменува за 15,9 долари за унца со непосредна испорака.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП