27 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Bora пристигнува на пазарот (фото)

Новата Bora пристигнува на пазарот (фото)

borat 00

Компанијата „Volkswagen“ ја пушти на пазарот во Кина новата генерација на седанот „Bora“. Засега не е јасно дали моделот, кој зазема место меѓу „Polo“ и „Jetta“ во палетата на брендот, ќе се нуди и на други пазари.

Седанот е изграден на старата платформа на „Volkswagen“ – „PQ35“. Должината на возилото е 4562 мм, широчината е 1793 мм, висината е 1486 мм, а растојанието помеѓу двете оски е 2164 мм. Волуменот на багажникот достигнува 490 литри.

borat 01

На пазарот во Кина новата „Bora“ ќе се нуди со 1.6-литарски атмосферски мотор со 110 КС, како и со 1,4-литарски „TSI“ со 131 КС. Трансмисија е 5-брзински мануелен, 6-степен автоматски и 7-степен роботизиран „DSG“.

Во зависност од нивото на опрема возилото ќе располага со 6 воздушни перничиња, мултимедијален систем со екран на допир, климатизација, копче за стартување на моторот, загревање на седиштата и друго.

borat 02

Цените на новата „Bora“ се движат помеѓу 16.630 и 23.700 американски долари. Засега нема информации дали седанот ќе се нуди и на други пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП