17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMoody's може да го намали рејтингот на Deutsche Bank

Moody’s може да го намали рејтингот на Deutsche Bank

deutsche_bank

Рејтинг агенцијата „Moody’s“ објави дека го поставила рејтингот на најголемата германска банка – „Deutsche Bank“ за ревизија и евентуално намалување.

Зголемените проблеми пред банката, која се обидува да го стабилизира својот профит (и да претстави шема за тоа за следните три години), се во основата на ревизијата. Дејството на агенцијата за рејтинг станува реалност неколку дена откако од „Deutsche Bank“ предупредија дека нестабилноста на финансиските пазари во првиот квартал ги става банкарските профити на тест.

Предупредувањето стана реалност и покрај фактот дека традиционално првите три месеци од годината се силен период за финансиските институции во Европа. Од „Moody’s“ коментираа дека потенцијалното намалување на кредитниот рејтинг од „Baa1“ на германската институција и „А2“ на рејтингот на депозити и би било во рамките на еден степен. Може да биде намален и рејтингот на обврзниците на банката со две оценки – од нивото ниво при „Ba3“ што да ги однесе уште подлабоко на територијата на обврзници со најнизок рејтинг (junk).

Од „Moody’s“, рекоа дека ќе го фокусираат своето внимание на тоа како финансиска институција го спроведува планот за оваа и следната година во врска со остварувањето на нејзините финансиски цели. Сериозните финансиски шокови и оштетувањето во исправите на акциите на германската банка во почетокот на февруари принудија еден од нејзините извршни директори да испрати писмо до вработените.

Во него Џон Крајген ги уверуваше дека банката е „целосно солидна“ и случувањата со цената на акциите е резултат на неразбирање од страна на инвеститорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП