3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовитетите кои ги претстави Apple (фото+видео)

Новитетите кои ги претстави Apple (фото+видео)

te apple 00

Најхрабриoт потег за време на специјалниот настан на „Apple“ не беше некој од новите производи кои компанијата ги покажа, туку цените.

Еден од претставените нови производи – 4-инчниот „iPhone SE“, е со најниска продажна цена (399 долари), од кој и да било друг од новите телефони, претставувани од „Apple“. Според аналитичарите најевтиниот „iPhone“ може да ја поттикне побарувачката во пазарите во развој, каде што повеќе популарни се конкурентите како „Samsung“ и „Xiaomi“ кои нудат поевтини уреди.

Покрај новиот „iPhone“, „Apple“ го претстави и новиот 9.7-инчен таблет „iPad Pro“, чија цена започнува од 599 долари, како и пониската цена за „Apple Watch“ – 299 долари.

te apple 01

„Сметаме дека цената го прави „iPhone“ малку достапен за корисниците на пазарите во развој“, вели аналитичарот во „Piper Jaffray“ Џин Мунстер, цитиран од CNBC.

Новиот 4-инчен „iPhone“ е мешавина од делови од „iPhone 6S“ и изгледот на „iPhone 5“. „iPhone SE“ има чип „A9“ и 12 мегапикселната задна камера од минатогодишниот „iPhone 6S“. „Apple“ ги охрабрува корисниците кои преферираат помали телефони, да преминат од „iPhone 5S“ кон новиот телефон, бидејќи тој нуди побрзи „LTE“ и „Wi-Fi“ конекции, повеќе издржлива батерија и подржува „Apple Pay“ со „NFC“. Цената на 16-гигабајтната верзија е 399 долари, додека верзијата со 32-гигабајти ќе чини 499 долари.

te apple 03

„Apple“ исто така го намали износот на релативно големиот 12,9-инчен таблет „iPad Pro“ до 9.7 инчи. Таблетот ги има истите карактеристики како поголемиот уред, како и додатокот „Apple Pencil“. Цената почнува од 599 долари за 32-гигабајтната верзија. Достапни се уште 128-гигабајтна верзија за 749 долари и 256-гигабајтна верзија за 899 долари. Компанијата исто така ќе нуди 256-гигабајтна верзија на 12,9-инчниот „iPad“ за 1.099 долари.

Друга работа што „Apple“ претстави за време на настанот, е поевтина верзија на паметниот часовник „Apple Watch“. Најевтината верзија на часовникот чии цени почнаа од 349 долари, сега ќе чини 299 долари. Главниот извршен директор Тим Кук исто така најави нова „пролетна линија“ каишки за часовникот.

te apple 04

Корисниците на „Apple tv“ веќе ќе можат да ја добијат најновата верзија на софтверот на телевизијата „tvOS 9.2“, а најважната промена е додавање на виртуелниот асистент „Siri“, кој по ваша команда веќе може да бара специфичен филм или да воведе лозинка наместо за тоа да се користи далечинскиот на „Apple TV“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП