16 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДогодина Seat ќе претстави втор SUV модел

Догодина Seat ќе претстави втор SUV модел

novi suvic seat 55

Пред помалку од еден месец шпанската марка „Seat“ го покажа својот прв кросовер во историјата, но таа веќе работи на втор таков модел. Тој ќе се појави уште во 2017-та година и ќе претставува субкомпактен автомобил.

Помалиот„ брат“ на „Ateca“, кој имаше премиера „Женева“, беше потврден лично од новиот шеф на „Seat“, Лука де Мео за време на годишната конференција на брендот во Мадрид. Во моментот името на моделот останува мистерија, но планот предвидува производството да почне уште следната година.

Вториот кросовер на Шпанците ќе ја користи платформата „MQB“ на „VW Group“, а ќе биде базиран на следната „Ibiza“, која исто така ја очекуваме во 2017-та година. Негови конкуренти на пазарот ќе бидат автомобили како „Nissan Juke“, „Renault Captur“, „Peugeot 2008“ и „Opel Mokka“.

Што се однесува до индикации во почетокот на месецот „Seat Ateca“, тој ќе се појави на пазарите во септември оваа година. Цените на моделот, кој ќе се натпреварува со „Nissan Qashqai“, „Kia Sportage“ и „Renault Kadjar“ ќе почнуваат од околу 20.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП