24 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗBMW го најави X7

BMW го најави X7

sedmica x 00

Најлуксузниот модел на „BMW“ ќе претставува кросовер кој ќе се распореди над актуелниот предводник во палетата на производителот – „Series 7“. Ова го откри претседателот на Управниот одбор на „BMW AG“, Харалд Кругер за време на годишната конференција на компанијата.

Моделот, кој во моментов е скриен под покривка ќе го добие името „X7“ и ќе ја предводи палетата на „BMW“. Тој ќе ја користи базата на прикажаниот модел од минатата година „Series 7“, но ќе биде полуксузен и поскап од него.

„BMW X7“ ќе нуди три реда седишта, но максималната модификација ќе има само 4 места. Тие ќе ги надминуваат седиштата во „Series 7“, како во просторот, така и според луксузот.

sedmica x 01

Погонот на најмоќниот „SUV“ ќе биде сличен со оној на актуелниот предводник. Тоа значи дека меѓу моторите ќе има и „V12“ – нешто што „BMW“ прави за прв пат кај сериските теренци. Го исклучуваме „X5 Le Mans“, бидејќи тој е произведен во еден примерок.

Теренецот ќе се произведува во фабриката на BMW во Спартанберг, САД, а се планира од производните погони да слегуваат по околу 45.000 примероци годишно.

sedmica x 02

На пазарот „Х7“ ќе се појави во 2019-та година, што е многу веројатно да видиме прелиминарна варијанта уште во следната година.

Цената на „BMW X7“ ќе започнува од 130.000 евра, коментираат упатените. А тоа значи дека теренецот ќе биде најскапиот предлог на брендот. Кај „Series 7“ ценовникот почнува од малку над 82.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП