23 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛукоил Македонија со нова Бензинска станица во Радовиш

Лукоил Македонија со нова Бензинска станица во Радовиш

dbb

„ЛУКОИЛ“ -Македонија ДООЕЛ Скопје во сабота, на 19 март ја отвори новата, 28 по ред бензинска станица во Македонија. Бензинската станица во Радовиш покрај околните бензинските станици на „ЛУКОИЛ“ во Велес, Штип, Кочани, Струмица и во Гевгелија, ќе ги опслужуваат граѓаните што гравитираат во овој регион  со квалитетни масла и горива, како и високо-професионални услуги од персоналот.

На отворањето присуствуваа Г. Андреј М. Куку, Генерален директор на „ЛУКОИЛ“ Македонија, Амбасадорот на Руската Федерација Г. Олег Николаевич Шчербак, градоначалникот на Општина Радовиш Г.Сашко Николов, свештено служители и многу граѓани, новинари и членови на локалната заедница.

 daa

Радовиш е втор по големина град во југоисточниот регион на Македонија, чија главна врска со градот претставува М6 Штип- Радовиш-Струмица.

На новата бензинска станица потрошувачите ќе можат да ги купат потребните производи од широкиот асортиман, да наточат течен нафтен гас, да се снабдат со ЛУКОИЛ масла, како и да наточат од горивото „ЕКТО“, најефикасно гориво на македонскиот пазар кое ја зголемува моќноста на моторот што му овозможува на возилото да има побрз старт, а намалена потрошувачка на гориво.

dbb

Бензинската станица се наоѓа на булеварот Александар Македонски бр. 1, се простира на 2.500 м2 и е повеќенаменски комплекс со маркет, паркинг за лесни моторни возилаи други поволности, што на граѓаните на Радовиш и околните 35 населени места, ќе им понуди дополнителна вредност во насока на зголемување на квалитетот на услуги што ги добиваат, користење на нови технологии за заштита на животната средина и зголемување на енергетската стабилност на околината.

„Горди сме што успеавме да ја отвориме 28 бензинска станица на „ЛУКОИЛ“ Македонија и да му обезбедиме на локалното население најефикасна и најквалитетна услуга. И оваа бензинска станица како и останатите ќе ги следи светските трендови, новите критериуми и ќе нуди поквалитетни горива и ниво на услуги за да им овозможиме врвно искуство на нашите потрошувачи од Радовиш и околината“ – изјави Андреј М. Куку, Генерален директор на „ЛУКОИЛ“ Македонија.

dcc

„ЛУКОИЛ“ е присутен на македонскиот пазар веќе десет години и претставува една од 10 најголеми странски инвеститори во земјава, со вложени повеќе од 45,98 милиони евра во македонскиот енергетски сектор и пласирано над 1 милион тони нафтени деривати на македонскиот пазар.

Во рамките на глобалната групација, „ЛУКОИЛ“Македонија беше прогласена за најдобро претпријатие на двор од границите на Русија дури два пати досега, што претставува уште еден доказ дека таа е вистински синоним за најквалитетни горива и врвна услуга во земјава, но и пошироко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП