Тајванскиот производител на чипови „Foxconn“ најави дека ќе ја намали цената, која планира да плати за јапонската компанија за електроника Sharp број за околу 100 милијарди јени (898 милиони долари), откако првичниот план беше износот да достигне 489 милијарди јени, објави покажува јапонското издание „Jiji News“, цитирано од „Ројтерс“.
Минатиот месец „Sharp“ објави дека ќе издаде нови акции во износ од 4,4 милијарди долари, за да може да даде дел од две третини од компанијата на „Foxconn“, но тајванската компанија за електроника одлучи да почека со текот на купувањето. Причината за тоа беше откривањето на порано нерешените обврски на компанијата, кои станаа јасни во последен момент пред склучувањето на договорот.
„Sharp“ му има обезбедено на „Foxconn“ листа од околу 100 предмети од условни обврски – потенцијалните трошоци кои би можеле да се појават во зависност од условите за бизнис или други услови, со вкупна вредност од близу 350 милијарди јени (3 милијарди долари).
Поради ова, „Foxconn“ ја преиспита својата понуда во врска со стравувањата за идни загуби, како и за влошувањето на финансиските резултати на „Sharp“ во фискалната година која завршува на 31-ви март.
„Foxconn“, чие официјално име е „Hon Hai Precision Industry“, ќе ја намали својата понуда за стекнување на нови акции од планираните 118 јени по акција, но сепак ќе се придржува кон прелиминарниот договор за купување на две третини од акциите на „Sharp“.
Јапонската компанија ќе одржи средба на Бордот на директори, за да донесе одлука за новата спасувачка зделка. Ова ќе се случи до крајот на месецот. Од „Sharp“ не се отворени за коментар за овој случај.