6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Можно е повторно намалување на каматните стапки

ЕЦБ: Можно е повторно намалување на каматните стапки

ec b33

Европската централна банка (ЕЦБ) би можела повторно да ги намали каматните стапки, доколку економијата во еврозоната не се зајакне.

„ЕЦБ би можела, во екстремни случаи, да размисли и за печатење на пари, па и на тоа директно да ги дистрибуира до граѓаните“, соопшти главниот економист на оваа финансиска институција, Петер Прает.

Претходните оценки на претседателот на ЕЦБ, Марио Драги, дека не очекува натамошното намалување на каматните стапки да влијаат на пазарот, затоа што го доведоа во прашање неговото ветување од 2012-та година, дека ќе стори се што е потребно за да го спасат еврото.

Пазарите во меѓувреме се стабилизираа и Драги во четвртокот порача дека каматните стапки ќе останат на сегашното ниво, односно на пониски нивоа на подолг период.

Прает соопшти дека каматните стапки се уште не се на долна граница, иако во ЕЦБ се свесни за лошите последици од профитната мрежа на заемодавачи, поради негативните каматни стапки на депозитите на банките кај централната банка.

„Како што покажаа другите централни банки, ние не ја допревме долната граница. Доколку негативните шокови ја влошат прогнозата, односно нема ли условите за финансирање да се прилагодат во таа насока и во мерката која е нужна за да се поттикне економијата и инфлацијата, намалувањето на каматните стапки останува наше оружје“, вели Прает.

На прашањето дали ЕЦБ едноставно би можела да печати пари и да ги дистрибуира до граѓаните од еврозоната, Прает одговори дека таа опција во најмала рака би можела да биде теоретски можна. Станува збор за екстремен вид на слабеење на монетарната политика за која се користи изразот „пари од хеликоптер“.

„Сите централни банки тоа многу ги чини. Можете пари да печатите и да ги дистрибуирате до луѓето. Тоа се пари од хеликоптер“, наведува Прает.

ЕЦБ на последната седница ги намали сите три главни каматни стапки, најавувајќи исто така дека во иднина ќе купува и обврзници од нефинансиски компании во еврозоната со инвестициски рејтинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП