30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСе појавија спецификациите на моделот Alcatel Idol 4 Pro

Се појавија спецификациите на моделот Alcatel Idol 4 Pro

idol alc 00

Пред околу еден месец, францускиот производител на смартфони „Alcatel“ за време на саемот за електроника во Барселона го претстави моделот „Idol 4“.

Веќе се зборува за нов развој на уредот, која се очекува да го носи името „Idol 4 Pro“, чии технички карактеристики се појавија на интернет. Се очекува новата варијанта на моделот да е со оперативен систем „Windows 10 Mobile“, а во основата му е новиот чип „Snapdragon 820“, откриен во многу уреди од највисоката класа. Екранот се очекува да има резолуција од 1080 пиксели.

За споредба моделот „Idol 4“ се истакнуваше со 5.2-инчен екран со резолуција од 1080 пиксели, 13-мегапикселна камера со двоен „Led“ блиц и батерија со капацитет од 2.610 mAh. Процесорот му беше „quad-Snapdragon 617“.

idol alc 01

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП