15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата и профитот на Caterpillar ќе бидат под оценките на аналитичарите

Продажбата и профитот на Caterpillar ќе бидат под оценките на аналитичарите

katic 33

„Caterpillar“, најголемиот производител на машини за градежниот и рударскиот сектор, изјави дека продажбата и профитот за првиот квартал ќе бидат под оценките на аналитичарите во позадината на кризите кои се поврзани со цените на суровините, соопштува „Bloomberg“.

Продажбата ќе биде меѓу 9,3 и 9,4 милијарди долари, а приспособениот профит по акција ќе биде меѓу 65 и 70 центи, изјави компанијата со седиште во Пеорија, Илиноис. Аналитичарите очекуваат продажбата за 10,2 милијарди долари и добивка од 95 центи по акција, врз основа на просечната оценка на податоците на „Bloomberg“.

Производителите на машини се погодени од забавувањето на економијата во Кина, што доведува до потреси за најголемите рударски компании во светот. Додека цените на суровините се уриваат до најниските нивоа веќе речиси седум години, рударските компании од Австралија до Бразил ги намалуваат трошоците, за да го намалат долгот, и се обидуваат да ја задржат својата профитабилност.

„Caterpillar“, позната по карактеристичните жолти машини, одговори на падот со намалување на оперативните трошоци.

Акциите на „Caterpillar“ поевтинија за 3,5% до 71,75 долари во трговијата пред отворањето на пазарите во САД.

Во јануари „Caterpillar“ објави дека продажбата во индустриите со суровини ќе се намалат со меѓу 15% и 20% во оваа година и со помеѓу 5% и 10% во градежниот сектор, бидејќи слабоста на земјите и регионите кои произведуваат нафта, го компензираат релативно стабилниот економски раст во САД.

Од компанијата велат дека остануваат мирни во однос на годишните насоки за приходите и профитот во 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП