21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги: Преземете подлабоки реформи за зајакнување на европската економија

Драги: Преземете подлабоки реформи за зајакнување на европската економија

mario-drakco

Директорот на Европската централна банка, Марио Драги, побара од лидерите на ЕУ да прифатат подлабоки реформи и со тоа да го подобрат растот на европската економија.

Драги оваа изјава ја даде по разговорите со лидерите на ЕУ за економијата на самитот во Брисел.

„Изнесов јасен став дека монетарната политика е единствена која го поттикнува закрепнувањето во изминатите неколку години, но не можат да се решат основните структурални слабости на економијата на еврозоната“, нагласи Драги.

Тој истакна дека затоа се потребни и структурални реформи поради зголемување на нивото на побарувачката, јавните инвестиции и намалување на даноците.

Драги изјавата ја даде седум дена откако ЕЦБ покрена мерки без преседан за борба против ниската инфлација и зајакнувањето на економијата, вклучувајќи го и намалувањето на веќе рекордно ниските каматни стапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП