19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд јуни Ер Србија воведува летови Белград – Охрид

Од јуни Ер Србија воведува летови Белград – Охрид

air

Српската национална авиокомпанија Air Serbia, од јуни годинава воведува три лета неделно за Охрид.

Air Serbia за Охрид ќе лета во понеделник, среда и петок со авионот ATR со 66 седишта.

„Воведувањето директни летови кон Охрид претставува мошне значаен настан за развој на нашата регионална мрежа, со којашто на туристите ќе им овозможиме брз и пријатен престој во една од најубавите дестинации во Македонија“, изјави Дане Кондиќ, генерален директор на Air Serbia.

Српскиот национален превозник, исто така, ќе го зголеми бројот на летови кон Дубровник, како и фреквентноста на летовите за Пула, со воведување на пет неделни летови. На тој начин на туристите ќе им се овозможи поголем избор за патување кон овие градови на хрватското крајбрежје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП