17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАDeutsche Boerse и London Stock Exchange се спојуваат

Deutsche Boerse и London Stock Exchange се спојуваат

spojuvanje 335

Две од најголемите светски берзи – германската „Deutsche Boerse AG“ и британската „London Stock Exchange“, се спојуваат во трансакција со која ќе се создаде најголемиот берзански оператор во Европа. Се разбира, таа треба да добие одобрение од регулаторите, пренесува „BBC“.

Акционерите на лондонската берза ќе имаат удел од 45,6% од новата компанија, додека оние на германската берза – 54,4%, според изјавата на двете институции. Двата оператори најавија дека преговараат за спојување меѓу нив уште на 23-ти февруари. Двете берзи се проценуваат на околу 30.5 милијарди долари. ”

„Берзите беа многу внимателни, откако ја претставија оваа трансакција како „спојување меѓу еднаквите““, коментира Скот Молер, професор по корпоративни финансии во „London Business School“ и поранешен инвестициски банкар.

Како резултат на спојувањето се очекува заштеда на трошоците од синергија во износ од 450 милиони евра годишно, кога трансакцијата ќе биде завршена. При сличен вид на трансакции, обично компаниите трошат во првата година или две околу два пати од годишните трошоци, кои ќе ги штедат во иднина.

Ова е трет пат, во кој германскиот берзански оператор се врти кон британската берза со предлог да се обединат. Претходните обиди, во 2000-та и 2005-та година, претрпеа неуспех. За да заврши успешно, сепак, објавената зделка треба да добие одобрение од регулаторите во Европа, како и да недостасуваат конкурентни понуди од страна на други берзи, коментираат пазарните набљудувачи.

Потенцијалното обединување на берзите ќе го создаде најголемиот берзански оператор во Европа, кој ќе има пристап за експанзија кон Азија и САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП