5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСковин заработи 5.000 евра за 2015-та година

Сковин заработи 5.000 евра за 2015-та година

skovin 333

Сковин АД Скопје за периодот од 01.01 до 31.12.2015 година оствари позитивен резултат, со следните показатели:

Oперативните приходи во 2015 година во однос на 2014 се со тренд  на намалување и изнесуваат 206.751 илјади денари. Во 2015 година приходите од продажба на домашен пазар се намалени за 5 индексни поени во однос на 2014 година, но кај приходите од продажба на странски пазари се забележува намалување од 67 индексни поени од што во поголем дел резултира вкупното намалување на приходите во 2015 година. Падот на продажба на странски пазари е како резултат на промена на одредени пазари со кои во иднина се планираат подобри резултати.

Поради подобро управување со производните трошоци, оперативните расходи во 2015 година забележија намалување за 29 индексни поени. Структурно гледано забележлив пад имаат трошоците за суровини и матерјали и трговски стоки, кои се намалени за 37 индексни поени во однос на минатата година, потоа останати трошоци од работење кои се намалени за 27 индексни поени, со тенденција на понатамошно намалување на расходите до едно оптимално ниво кое нема да влијае на квалитетот на работењето.

Оперативната добивка во 2015 година изнесува 11.751 илјади денари, а истиот период во 2014 година изнесувала 16.096 илјади денари, што значи намалување од 27 индексни поени. Нето добивката во 2015 година изнесува  311 илјади  денари, a минатата година истата изнесувала 200 илјади денари.

Оваа година Сковин АД Скопје во своето работење се соочи со одредени структурни промени, што треба да се одразат позитивно во наредниот период. Секако дека менаџментот на команијата останува на определбите да се зголеми продажбата на флаширано вино, за сметка на наливно вино и да се фокусира продажбата на производи кои ќе ги задоволат специфичните вкусови на потрошувачите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП