КОМПАНИИ

Турци отвараат фабрика во Македонија

fabrika

Турската компанија “Matek “, со седиште во Анкара, ќе вложи 15 милиони евра за отварање на фабрика за производство на високо-технолошки медицински помагала, која ќе биде со седиште во македонската област Бунарџик, во Скопје.

Компанијата ќе произведува трансбронхијални биопсиски игли, ендобронхоскопски игли, биопсиски маркери, хируршки сетови, катетари, стентови и друга опрема.

Турскиот инвеститор на почетокот се очекува да вработи 100 луѓе, кои ќе ги обучи за производство на високо-технолошките медицински инструменти, а планира бројот на вработени во наредните неколку години да го зголеми за 300 работници.