6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКолку се издржливи моделите Galaxy S7 и S7 Edge? (видео)

Колку се издржливи моделите Galaxy S7 и S7 Edge? (видео)

izdrzlivi galaxy

Најновите смартфони на „Samsung“ – „Samsung Galaxy S7“ и „S7 Edge“, се веќе достапни на пазарот и тоа им овозможува на професионалците и аматерите да прават тестови со нив и да ги објавуваат резултатите.

Од компанијата „SquareTrade“ – осигурител на смартфони, ги направија традиционалните тестови за издржливост на новите уреди. Резултатите од тестот покажуваат дека новите модели „S7“ се поводоотпорни од своите претходници „S6“, но дисплеите им се исто толку издржливи од кршење.

И додека моделите „S7“ дале добри резултати за отпорност против мокрење, двата смартфони „не се покажаа сосема водоотпорни“, според тестовите на компанијата. Моделите „Galaxy S7“ се рекламирани како целосно отпорни на вода на длабочина до метар и половина, во период од 30 минути. Тестовите на „SquareTrade“ посочиле дека сепак по 30 минути на слична длабочина и двата модели регистрирале нарушување во квалитетот на звукот, иако дисплеите им остануваат целосно функционално здрави.

izdrzlivi galaxy1

Сепак, моделот „S7“ се претставува далеку подобро „под вода“ од главните конкуренти „iPhone 6S“ и „6S Plus“, според осигурителот. Тие се одредуваат исто така како „водоотпорни смартфони“, тестирани од страна на компанијата.

Двата нови модели се тестирани и во однос на издржливоста на притисок. Стаклената површина не се покажува поздрава од онаа на претходникот. При страничен пад од височина од 1,8 метри двата нови модели се претстават подобро во однос на штетите на аглите од моделите „iPhone 6S“. Падна од иста висина на дисплеите, екранот на „S7“ се крши од првиот пат, додека оној на „S7 Edge“ се крши при вториот пад.

Во однос на свиткувањето, моделот „S7 Edge“ го превзема истиот притисок како „S6 Edge“, виткање при притисок од околу 50 кг и се кршат при притисок од 77 кг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП