19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМетропол А.Д. Охрид предвидува раст на приходите во оваа година

Метропол А.Д. Охрид предвидува раст на приходите во оваа година

new_metropolfinal

Согледувајќи ги пазарните можности и имајќи ги во предвид досегашните договори за престој на странски гости од земјите на Бенелукс пред се Холандија и Белгија, како и балканските земји, Хотели- Метропол А.Д. Охрид за наредната 2016 година, предвидува зголемување на приходите за 2%.

Комплетна исполнетост на капацитети би се надополнувала гледано искуствено и со домашни гости кои учествуваат по повеќе сегменти: конгреси, семинари, спортски кампови, вонпансионски услуги- свадби, свечености, кои секако ќе имаат влијание за реализација на планираното зголемување на приходите. Планираното релативно мало зголемување на приходите за 2016 година, во однос на 2015 година, треба да ги земе прдвид и зголемувањата во проценти од минатите години.

Резервациите по сите основи за 2016 година, се во благ пораст во однос на 2015 година, што укажува на можноста за остварување на проектираниот раст.

Инвестиционите активности во 2016 година, се зголемени во однос на истите од минатата 2015 година, па следствено на тоа се зголемуваат и расходите по оваа основа. И во 2016 година се продолжува со континуираното подобрување на екстерната и интериерната инфрастуктура на хотелите како и тековно одржување на објектите, набавка на опрема и инвентар со цел да се задржи и подобри квалитетот на услугата кон гостите.

Останатите расходи од редовно работење треба да го задржат нивото од минатата година, а во некои сегменти постои можност и за нивно намалување како резултат на преземени корективни мерки, но притоа екстерните фактори како што се цените на влезните инпути за енергенси и суровини да останат ценовно стабилни.

Со оглед на тоа дека растот на приходите не е во некои големи размери очекувано би било и некое благо зголемување на расходите, но не поголемо од 1%.

Хотели- Метропол А.Д. Охрид и во предстојната 2016 година, во континуитет ќе продолжи да работи на подигање на интересот кај сите оние кои ќе престојуваат во хотелите со цел да се задржи и прошири интересот за оваа туристичка дестинација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП