15 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајдобрите летни гуми според ADAC (фото+видео)

Најдобрите летни гуми според ADAC (фото+видео)

testovi gumi 3000

Снегот во Македонија одамна се стопи, што значи дека се приближува времето за промена на зимските гуми со летни. Германскиот автомобилски клуб „ADAC“ објави информации од својот тест на летни гуми за сезона 2016-та.

Тестирани се димензии – 185/65 R15 и 225/45 R17, а во двете листи се вклучени по 16 гуми од различни марки.

Германскиот клуб се осврна на овие две големини, бидејќи статистиката покажува дека тие се ставаат на најголем број од новите автомобили. За тестот се користени автомобилите „VW Golf“ и „Renault Clio“.

Кај големината 185/65 R15, оценката „Добар“ ја заслужуваат вкупно 7 модели на гуми, но ниту еден не успева да го оствари резултат „Многу добар“. Исто 7 гуми генерираат резултат „Задоволителна“, а само една ја добива оценката „Лоша“.

Оценката „Многу добар“ недостасува и кај големината 225/45 R 17. 4 гуми ја добија оценката „Задоволителна“, а една „Лоша“.

На фотографиите може да ги погледнете резултатите кои ги отсварија гумите во двете категории:

adac-15-inch

adac-17-inch

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП