10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Трката на парите во предизборната кампања во САД

График на денот: Трката на парите во предизборната кампања во САД

sad izbori trka2

На секои четири години Американците избираат претседател. И на секои четири години експертите предвидуваат дека претстојат најскапите избори во историјата. Претседателската кампања во 2016-та година не е исклучок.

Се очекува кандидатите оваа година, партиите и надворешните групи да потрошат најмалку 5 милијарди долари за изборите, што е над два пати повеќе од трошоците за кампањата во 2012-та година. Само Хилари Клинтон се очекува да привлече и потроши околу половина од таа сума ако ја освои номинацијата на партијата и отиде на изборите за претседател во ноември, пишува „The Economist“.

Досега кандидатите ги оправдуваат очекувањата на експертите. До крајот на јануари кампањите привлекоа донации во вредност од 494 милиони долари: 229 милиони за демократите и 265 милиони за републиканците. Големите т.н. „Комитети за политичко дејствување“, кои можат да привлечат и трошат суми без ограничување, и други надворешни групи поврзани со кандидатите, обезбедиле вкупно уште 400 милиони долари.

sad izbori trka

Вкупно привлечени средства од некои кандидати во милиони долари. Графикон: The Economist

Иако и двете партии собрале слични општи суми, тоа го постигнале на многу поинаков начин. Демократите, особено Берни Сандерс, се потпираат исклучиво на многу мали донации, додека републиканците, со исклучок на Бен Карсон, добиле поголем дел од парите главно преку поврзаните големи комитети за политичко дејствување.

Привлекувањето на средства варира во земјата. Демократите добиваат силна финансиска поддршка во ултралиберални градови како Вашингтон, и Кембриџ, Масачусетс, додека републиканците привлекоа многу пари во јужните градови како Далас и Мајами (двајцата водечки републиканци – Тед Круз и Марко Рубио, се од Тексас и Флорида). Речиси еднаква е поддршката во градот Бафало, Њујорк. Локалните жители подариле вкупно над 421 илјади долари до крајот на јануари, распределени подеднакво меѓу двете партии.

sad izbori trka1

Број донации на 100 илјади лица по окрузи, потемна боја значи повисок број. Графикон: The Economist

На кој начин овие огромни суми ќе влијаат на трката, претстои да дознаеме. Обично трошоците за предизборни кампањи имаат релативно слабо влијание врз резултатите од изборите. Високото ниво на донации од многу луѓе сепак ја открива активната поддршка меѓу поддржувачите на кандидатите. Судејќи според бројките, американските гласачи оваа година се поентузијастички расположени откога и да било.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП