28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКако се хакира смартфон со помош на печатач (видео)

Како се хакира смартфон со помош на печатач (видео)

falc otpecatokt 33

Мислите дека скенерот за отпечатоци на прсти може со сигурност да го заштити вашиот смартфон од непознати луѓе? Научниците од Универзитетот во Мичиген (САД) откриле неочекувано едноставен начин да се надмудри биометрискиот сензор.

За таа цел истражувачите имале потреба само од обичен скенер, ласерски печатач, посебна хартија и мастило.

Пред се е потребно да го добиете отпечатокот на сопственикот на паметниот телефон и да го скенирате што не претставува особена тешкотија.

Потоа добиената слика се печати на хартија во потребниот износ со помош на ласерски печатач. На пример, во одржаниот експеримент неколку „прсти“ биле печатени со резолуција 200 dpi. Со отпечатоците на хартија биле тестирани смартфоните „Galaxy S6“ и „Huawei Honor 7“.

Двата од овие телефони не забележале разлика и моментално биле деблокирани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП