19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританците годишно фрлаат храна вредна 19 милијарди фунти

Британците годишно фрлаат храна вредна 19 милијарди фунти

Leftover food on place

Жителите на Велика Британија годишно исфрлаат во отпад храна во вредност од 19 милијарди фунти.

Според истражувањата на „Wrap“ развиената програма за ефикасно користење на ресурсите, станува збор за над 12 милиони тони храна секоја година, која завршува во корпата за отпадоци. Во 75% од случаите станува збор за „неоправдано одбивање“ да се употребат прехранбените производи.

Општо земено, една петтина од Британците исфрлаат храна купена во продавниците која е еднаква на „шест полни оброци“ во неделата. Според експертите, главниот извор на проблемот се промоциите „два производи за цената на еден“ во трговските синџири. Како резултат на тоа Британците купуваат повеќе храна од потребните и 30 или дури 50% од неа се расипува во фрижидер или на полица во кујната, потоа оди во канта за отпадоци.

Друга индиректна причина е датумот на траење, отпечатен на амбалажата, кој често истекува пред производот да биде навистина употребен.

Во Велика Британија 30% од овошјето и зеленчукот воопшто не стигнуваат во супермаркетите поради лошиот изглед кој го добиле при испораката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП