24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Црвен аларм“ во САД: Доколку продолжиме - пропаст!

„Црвен аларм“ во САД: Доколку продолжиме – пропаст!

kreditni karticki usa 3335

Долгот според кредитните картички во САД минатата година пораснал за 71 милијарди долари или на 917,7 милијарди долари, според резултатите на интернет страната „CardHub.com“.

Растот на долгот за 71 милијарда долари е за 24 проценти поголем во однос на неговото зголемување во 2014-та година, пренесува „RT“, додавајќи дека просечно американско домаќинство сега должи 7.879 долари по кредитна картичка, што е најголемиот износ од финансиската криза од 2008-ма година.

Со истражувањето е утврдено и дека најголемиот дел од долговите потекнува од последниот квартал од 2015-та година, кога Американците го зголемиле долгот за 52 милијарди долари, пренесува американската телевизија „CNBC.

Стапката на задолжување по основа на кредитни картички во четвртиот квартал од лани било најголемо од Големата рецесија, наведува „CardHub.com“.

„Тоа е нешто што мораме да го набљудуваме, доколку задолжувањето продолжи да расте“, изјави директорот на агенцијата „Moody’s Analytics“, Скот Хојт.

Во исто време, генералниот директор на компанијата „TrimTabs Investment Research“, Дејвид Санчи, вели дека растот на долговите по основа на кредитните картички обично претставува добар знак, затоа што укажува на поголемата потрошувачка на домаќинствата.

За главниот економист на компанијата „ITG Investment Research“, Стив Блиц, растот на задолженоста е само сигнал дека поголем број на луѓе сега имаат работа.

Во американската економија минатата година се отворени 2,45 милиони работни места. Во 2016-та година, повеќе од 400.000 работни места се отворени во февруари, додека невработеноста е на најниско ниво во последните осум години.

Сепак, темпото на раст на платата продолжува да стагнира, па така американските работници во февруари заработувале 3 центи помалку по час, наведува „CNBC“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП