1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва е новиот роудстер Audi R8 (фото)

Ова е новиот роудстер Audi R8 (фото)

osmica cabrio

Изданието „Auto Express“ ги објави првите фотографии од отворената верзија на новата генерација „Audi R8“. Премиерата на моделот ќе се одржи на автосаемот во Њујорк во април.

Како претходникот, така и новиот „Audi R8 Spyder“ има мек отстранлив покрив, а исто така и со вертикално задното стакло кое се прибира кога покривот е поставен. Генерално роудстерот ќе биде за 100 килограми потежок од кабината, чија маса е 1454 килограми.

osmica cabrio1

Покрај тоа суперавтомобилот е опремен со дигиталениот панел „Virtual Cockpit“, дебитираше кај третата генерација на моделот „Audi TT“. Подоцна оваа технологија беше вклучена и во стандардната опрема на „R8“.

Новото „Audi R8 Spyder“ е управувано од истиот 5,2-литарски атмосферски „V10“ мотор кој развива 540 КС кај стандардната верзија и 610 КС кај варијантата „plus“. Кабриото сепак е малку побавено од затворената верзија, чиј топ варијанта забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,2 секунди, а максималната брзина му е 323 км/ч.

osmica cabrio2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП