18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPiraeus Bank изгуби 1,24 милијарди eвра во четвртиот квартал oд 2015-та

Piraeus Bank изгуби 1,24 милијарди eвра во четвртиот квартал oд 2015-та

pireus 3536

Втората по големина грчка банка – „Piraeus Bank“, го испрати последниот квартал на 2015-та година со загуба заради провизиите за лошите кредити, пишува „Ројтерс“.

Негативниот финансиски резултат изнесува 1,238 милијарди евра, а пак во третиот квартал имаше добивка од 495 милиони евра.

„Piraeus Bank“, чија пазарна капитализација изнесува 1,55 милијарди евра ги зголемува средствата за покривање на лошите кредити до 1,384 милијарди евра во споредба со залихите од 244 милиони евра во третиот квартал.

Уделот на овие кредити падна до 39,5% на крајот на декември од 40,5%, колку што беше на крајот на септември.

Депозитите забележаа раст за 1,8 милијарди евра или до 39 милијарди евра во периодот октомври-декември во споредба со падот во првите девет месеци. Ова и помогна на банката да ги намали користените кредити од Европската централна банка и од Централната банка на Грција до 32,7 милијарди евра од 35,8 милијарди евра на крајот на септември.

Од оваа сума финансирањето од локалната централна банка се намалува до 16,7 милијарди евра од 21,2 милијарди евра колку што изнесуваше во септември.

Финансиските резултати доаѓа во позадина на истрагата на единствениот надзорен механизам на „ЕЦБ“ спрема „Piraeus Bank“ и петата по големина грчка банка „Attica Bank“, поради сигналите на акционерите во двете финансиски институции за можни нерегуларности во последниот круг од регрутирањето на капиталот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП