26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата E-Class доби AMG верзија (фото+видео)

Новата E-Class доби AMG верзија (фото+видео)

eclass amg

Првата спортска модификација на новата генерација „E-Class“ е веќе реалност. Моделот го носи името „Mercedes-AMG E43 4MATIC“ и ќе има јавна премиера на саемот во Њујорк.

eclass amg2

Спортскиот седан има 3,0-литарски би-турбо бензински „V6“ мотор кој веќе го познаваме од моделот „C43“. Во случајот сепак моќноста му е зголемена до 400 КС, а вртежниот момент е еднаков на 520 Нм, кој е достапен уште од 2.500 врт/мин.

eclass amg3

Моторот е поврзан со 9-брзински автоматски менувач „9G-TRONIC“ и спортскиот систем „4MATIC“. Тој го пренесува поголемиот дел од моќта – 69%, на задните тркала. Забрзувањето на моделот од 0 до 100 км/час трае 4,6 секунди, а максималната брзина на движење е ограничена електронски на 250 км/час. Масата на „Mercedes-AMG E43 4MATIC“ изнесува 1840 килограми.

eclass amg4

Премиерата пред публика на „Mercedes-AMG E43 4MATIC“ ќе се одржи подоцна во овој месец во Њујорк. На пазарот во Европа моделот ќе биде достапен во почетокот на летото, а првите испораки на клиенти се предвидени за месец септември.

„Mercedes-AMG E43 4MATIC“ е умерената спортска верзија на новата генерација „E-Class“ (W213). Подоцна во оваа година ја очекуваме максималната таква верзија – „E63 AMG“, која ќе добие 4,0-литарски „V8“ мотор со околу 600 КС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП